Dine Doneff - Kostas Theodorou

home news gallery music calendar about contact

english македонски ελληνικά



Дине Донеф или Костас Теодору.
Активен е на грчката музичка сцена од раните 80-ти.
Исправен пред изборот помеѓу училиштето или музиката,
го напушта родното село во Западна Македонија и доаѓа во Солун.
Го надградил духот преку истражување на животот низ музиката:
самоук музичар.
До 90-тите работел како аранжер и водач на ансамбл
продуцирајќи музика од истакнати грчки композитори.
Наизменично патувал на турнеи и снимал сопствена музика.
Во 2001 година станува постојан член на групата
„Примавера ен Салонико“ („Primavera en Salonico“)
и настапува со Савина Јанату (Savina Yannatou).
Од 2002 до 2005,
предава на Техничкиот образовен институт на Епир
и
Универзитетот на Македонија.
Подоцна,
под фиктивно покровителство на ‘no bizz productions’,
станува центар, двигател, и церемонијал-мајстор
на „Деведесет и девет (99)“ - импровизирани избедби-проби
во еден мал андерграунд театар во Солун од 2005 до 2011.
Движејќи се низ пространа мрежа на различни интернационални таленти,
нивниот имагинативен конфронтациски еклектицизам полека
се врежува како траен белег во музичката меморија на градот и подалеку
преку средби на бината помеѓу
Донеф и музичарите, танчерите, глумците, поетите и визуелните уметници.
Следуваат периоди на компонирање за театар и филм,
прошарани со повремени режисерски ангажмани Penelopes of Xanthogeia, 2009
Под името Томе Раповина,
има режирано и продуцирано пократки филмови Requiem, 2012 итн.
Моментно соработува како композитор и актер во:
Kammerspiele [Munich] & Thalia Theater [Hamburg].

Помеѓу останатите, има соработувано и со:

Danny Hayes, Frank Köllges, Michalis Siganidis,
Ara Dinkjan, Arto Tunçboyaciyan, Petro Lukas Chalkias,
Luis Sclavis, Michel Godard, Sainkho Namtchylak,
Theodosii Spassov, Takis Farazis, Argiris Bakirtzis,
Ziad Rajab, Floros Floridis, Haig Yazdjian, Yannis Thomas,
Luk Perceval, Christian Reiner, Anja Lechner, Natalia Mann...

Одбрана дискографија:
  
Nostos, 1999 Lyra 667
Echotopia, 2003 FM 1578
Sumiglia, 2005 ECM 1903
Songs of an other, 2008 ECM 2057
Rousilvo, 2010 zen einai 001
Songs of Thessaloniki, 2015 ECM 2398
[more ECM info]


Главни проекти:
 
Dine Doneff's Lost_Anthropology, Kostas Theodorou Trio, 4tet, Primavera en Salonico, Natalia Mann Trio, Canto dei sass’, Minoria Grande, no bizz productions текст: Jonathan Smith превод на Македонски: Никола М. facebook youtube soundcloud